Четврток, Мај 2 2024
Следете нè

Со семинар во Штип почнува соработка меѓу Музичка академија на УГД и Универзитетот Минстер во Германија

На Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип ќе се одржи семинар на познатиот тенор проф. Михаило Арсенски.

Семинарот ќе биде на тема „Подготовки на арии за аудиции", а ќе се одржи од 6 до 10 март 2023 година во Музичката академија.

Преку овој настан официјално започнува соработката помеѓу Универзитетот во Минстер, Германија, и Музичка академија на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип преку програмата Еразмус +.