Студентите од насоката Туризам на Факултетот за туризам и бизнис
Студентката Надица Стојкова од Факултетот за медицински науки се
Организациите Центар за управување со промени и Институт за ...
Компаниите Македонски телеком и Лајкамобајл имаат потреба од ...
Во полната сала на Мултимедијалниот центар на УГД студентите –
Охридска банка организира натпревар за најдобра бизнис-идеја, во

УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ на Отворен ден во Скопје ги претстави студиските програми и можностите и условите за студирање на факултетите и академиите кои работат во негов состав. На штандови поставени на плоштадот „Македонија“, заинтересираните средношколци како и сите останати граѓани можеа да ги добијат сите потребни информации.

Амбасадорот на Италија во Република Македонија, Карло Ромео, денес беше во посета на УГД и истакна дека соработката меѓу Амбасадата на Италија и УГД ќе се зголемува, а тоа ќе резултира со повеќе студиски програми кои ќе вклучуваат изучување на италијанскиот јазик.

Одбојкарскиот клуб на Универзитетот „Гоце Делчев“ на завршниот турнир, кој се одржа во Струмица, го освои второто место во младинска конкуренција. Клубот на УГД во полуфиналето ја совлада екипата на Борец од Велес со 2:0 во сетови, а во финалниот меч загуби од екипата на Струмица со резултат од 3:0.

Правeн факултет при УГД го одбележа 9 мај - Денот на Европа. На ова одбележување беа промовирани книги, се одржа предавање пред студентите на Правен факултет, како и изложба на студентите на Ликовна академија на тема „Човекови права, говор на омраза и антидискриминација“.

Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип сѐ повеќе ги вклучува студентите во проекти кои се реализираат, со што од една страна тие можат да се здобијат и со повеќе знаења, пракса, и да се стекнат со искуства во научноистражувачката работа, но и да се почувствуваат рамноправни и блиски со наставничкиот кадар на факултетот. Со дел од студентите на Земјоделскиот факултет, за нивните искуства од учеството во проекти на факултетот, разговаравме токму во современиот Научноистражувачки центар на Земјоделскиот факултет, каде што тие заедно со своите професори учествуваат во истражувањата.

Страница 9 од 49

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…