Дали сте подготвени за ново животно искуство кое ќе вклучува ...
Можност за пракса во Кочани и во Скопје. Компанијата ITCrowd им
Студентите од насоката Новинарство и односи со јавноста од ...
Студентите на Правниот факултет, од насоките Правни студии и ...
Во рамките на проектните активности поврзани со проектот ...
Студентите од Факултетот за медицински науки најавуваат идна ...

УГД Живот

Заменик амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија Пол Едвардс се сретна со ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев.

Универзитетот се соочуваа со предизвици, но воедно сме горди што успеавме УГД да го изградиме во стабилна и респектабилна институција, истакна ректорот на УГД проф. Д-р Блажо Боев во своето традиционално предновогодишно интервју за медиумите на Универзитетот.

Зградата на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ годинава го доби признанието за најдобро декориран јавен објект за Нова Година. Традиционално ова го доделува Општина Штип, а денес признанието од страна на градоначалникот го прими ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев.

Професорот, Дарко Лазаров, неодамна оствари две академска посета на Универзитетот во Луксембург и Лувен Универзитетот во Белгија. Во рамите на тие посети тој оствари неколку средби со реномирани професори и присуствување на семинар кој беше организиран од страна на департмантот за финансии при Економскиот факултет на Универзитетот во Луксембург. Неговата посета беше по покана на Филип Фиданоски, еден од најдобрите млади македонски истражувачи, кој практично имаше позиција на научен истражувач на Универзитетот во Луксембург. Дополнително, професорот Лазаров при посетата на Универзитетот Лувент во Брисел кој е еден од десетте најдобри Универзитети во Европа, имаше можност да присуствува на предавања на докторски студии во областа на бизнис економија. По тој повод разговараме со професорот Лазаров за неговото искуство од неодамнешните посети.

Во текот на минатата и оваа недела екипите на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип учествуваа во есенскиот дел од натпреварите во државните универзитетски лиги во организација на Унивезитетската спортска федерација на РМ, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.

Во Наставниот центар на УГД во Скопје беше одржан деветтиот состанок на Бизнис клубот на Општина Гази Баба. Во Бизнис клубот на оваа општина членуваат едни од најголемите компании од приватниот сектор во нашата земја, а според статистичките податоци на територијата на Општина Гази Баба се генерираат две третини од бруто-домашниот производ на Република Македонија.

Деканката на Филолошкиот факултет при УГД - Штип, доц. д-р Драгана Кузмановска, учествуваше на Тркалезна маса како гостин-предавач пред студентите по германистика на Факултетот по класични и нови филологии при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија.

Страница 2 од 54

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…