Петок, Април 19 2024
Следете нè

УГД нуди услуга - бесплатни огласи за вработување и пракса

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип преку Центарот за кариера и развој ја нуди услугата бесплатни огласи за вработување. Можете да ни ги испраќате Вашите огласи за вработување или за реализирање на пракса, наменети за дипломирани или за актуелни студенти на прв, втор и на трет циклус во Вашата компанија/организација.

Огласите ќе бидат објавувани во Билтенот на Центарот за кариера и развој, на нашата веб-страница, како и на нашите профили на социјалните медиуми, а ќе бидат испраќани и до сите членови на „Алумни клубот“.

Ве молиме Вашите огласи за вработување да ги споделувате на следнава електронска пошта: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.