Недела, Декември 22 2024
Следете нè

Претседателот Пендаровски во посета на УГД

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, денес оствари посета на Универзитетот „Гоце Делчев“, каде што одржа и предавање пред студентите на Правен факултет. Пендаровски најпрвин се сретна со ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, при што се разменија идеи за можна соработка и развој на Универзитет „Гоце Делчев“, како и на високото образование воопшто. Ректорот на УГД му врачи на претседателот плакета од Универзитетот со ликот на Гоце Делчев. 

По средбата претседателот Пендаровски одржа предавање пред студентите на Правен факултет на УГД, каде што зборуваше за улогата и надлежностите на функцијата претседател, а студентите имаа можност да поставуваат прашања до претседателот.

- Задоволство ми беше да ги слушнам нивните размислувања и лице в лице да одговорам на прашањата поврзани со функцијата што ја извршувам, како и за актуелните состојби во државата и во регионот. Благодарам за интересот - напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук по средбата.

Предавањето пред студентите ви го пренесуваме во целост:

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com