Сабота, Април 20 2024
Следете нè

3870 слободни места на УГД, платформата за електронско аплицирање веќе е во функција

- Оваа година, како и минатите, запишуваме слична бројка на студенти.

Слободни места на УГД има за 2202 редовни студенти, во квотата со кофинансирање 913 и вонредни 755, или вкупно на 12 факултети и 3 академии 3870 слободни места предвидени со Конкурсот. Првиот уписен рок е на 25, 26, 29 и 30 август, но веќе е отворен системот за електронско аплицирање. Студентите можат електронски да аплицираат преку електронската платформа на веб-страницата на УГД, а физички документите можат да ги достават по 10 август – изјави на прес-конференција проф. д-р Дејан Мираковски, кој од септември ќе ја преземе функцијата ректор на УГД.

Мираковски, исто така, најави дека УГД и годинава ќе ги стипендира најдобро рангираните студенти на уписите, како и за сите студенти кои ќе се запишат на студиската програма Македонски јазик. Новина оваа година е студиската програма Англиски јазик на насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки, а акредитирани програми на англиски јазик има и на Правен факултет и на Музичка академија.

Прес-конференцијата интегрално можете да ја проследите на следниов линк:

 

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com