Сабота, Април 27 2024
Следете нè

МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „СТО ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА АЦО ШОПОВ“

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип  

МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
„СТО ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА АЦО ШОПОВ“

 25 и 26 мај, 2023

 
Ацо Шопов
(20 декември 1923 – 20 април 1982)

  

Почитувани колеги! 

Ве покануваме да учествувате на Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ што ќе се одржи на 25 и 26 мај, 2023 година на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Македонија.

Меѓународната научна конференција има за цел да го актуелизира придонесот на Ацо Шопов како поет, преведувач и препејувач во македонската, јужнословенската и европската литература и култура, преку осврт на книжевни, лингвистички и културолошки теми.

За учество во конференцијата се покануваат научници, универзитетски професори, наставници во основно и средно образование, вработени во библиотеки, докторанди и магистранти. 

 

ТЕМИ ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА:

 

А) Книжевни теми 

  1. Поезијата на Ацо Шопов во европскиот книжевен и културен контекст
  2. Поезијата на Ацо Шопов во словенскиот свет
  3. Ацо Шопов и неговата македонска книжевна генерација
  4. Поезијата на Ацо Шопов и модернистичките текови во македонската книжевност
  5. Патриотската лирика на Ацо Шопов
  6. Интимната лирика на Ацо Шопов
  7. Љубовта, жената и татковината во поезијата на Ацо Шопов
  8. Оксиморонот и поезијата на Ацо Шопов
  9. Сатирата во творештвото на Ацо Шопов
  10. Онтолошките аспекти во поезијата на Ацо Шопов
  11. Книжевната критика за поезијата на Ацо Шопов
  12. Ацо Шопов и македонската книжевна полемика
  13. Ацо Шопов во наставата по македонски јазик и литература

 

Б) Лингвистички теми

  1. Јазичните белези во првите поетски збирки на Шопов и придонесот во процесот на кодификација на македонскиот јазик
  2. Јазичните отстапки во поезијата на Ацо Шопов
  3. Лингвостилистичките специфики во поезијата на Ацо Шопов
  4. Лексичките особености во поезијата на Ацо Шопов
  5. Ацо Шопов како преведувач / препејувач
  6. Препевите на поезијата на Ацо Шопов на странски јазици

 

В) Културолошки теми

  1. Хетеролошките аспекти во поезијата на Ацо Шопов
  2. Поезијата на Ацо Шопов и егзотиката
  3. Ангажираноста/идеологијата и поезијата на Ацо Шопов
  4. Ацо Шопов и публицистиката
  5. Шопов за светот – светот за Шопов

 

Почесен гостин: Јасмина Шопова (ќерка на Ацо Шопов)

 

Работни јазици на конференцијата:

- сите словенски јазици, англиски, француски и турски јазик

 

Форми на учество на конференцијата:

-Редовно: реферат, статија, тематски и пленарни сесии

-Вонредно: дискусија, постер, онлајн

 

Време за излагање и дискусија: 15 минути

 

Статиите ќе бидат објавени во зборник по одржувањето на конференцијата.

За учесниците кои нема да можат да присуствуваат на конференцијата ќе биде обезбедено онлајн вклучување преку Microsoft Teams.

Редовните учесници на конференцијата сами ги сносат трошоците за пат и престој.

 

Рок за поднесување на пријавата и апстрактите: до 15 април 2023 година

Известување за прифаќање на апстрактите: до 25 април 2023 година

Краен рок за поднесување на статиите: до 1 јули 2023 година

 

Пријава за учество(.doc)

Пријавата, апстрактите и статиите се испраќаат на адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.