Недела, Декември 22 2024
Следете нè

Македонска платформа за поврзување на студенти и компании - Бинтерн

Бинтерн е прва платформа во Македонија која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и вработување. Целта на Бинтерн е да им овозможи на студентите и дипломците побрз и поедноставен начин на започнување на својата кариера преку поврзување со компании за пракса и работа. Услугите воедно им помагаат на компаниите од млади и амбициозни луѓе да изградат вработени кои ќе развиваат професионални кариери. 

Платформата Бинтерн до сега има преку 220 регистрирани компании на платформата, и повеќе од 20 огласи секој месец. а платформата до сега се регистрирани околу 3800 студенти и дипломци од различни струки кои се спремни да ја започнат нивната кариера.

Во моментот компанијата има склучено соработки со повеќе студентски организации, универзитети и едукативни центри, вклучувајќи ги Универзитетското Студентско Собрание на Универзитетот „Гоце Делчев” - Штип, Универзитет „Св. Климент Охридски” - Битола, Универзитет „Апостол Павле” - Охрид, Универзитет „Американ Колеџ” - Скопје, ФЕИТ, Градежен Факултет и многу други.

Целта на овие соработки е доближување на платформата до студентите и зголемување на нивните кариерни можности за пракса и работа во некоја компанија.

Бинтерн беше организатор и на Jobathon, односно Hackathon за вработување на кој учесниците имаа задача да програмират решение за потоа компаниите да си изберат дел од најдобрите програмери и да им понудат работа кај нив.

Исто така Бинтерн има организирано и Виртуелен саем за практикантство кој имаше за цел поврзување на студентите и дипломците со компаниите за пракса. За него можете да дознаете повеќе на https://vfair.bintern.com

Сите студенти и додипломци кои размислуваат каде може да започнат со кариерата можат да се регистрираат на https://bintern.com/.