Сабота, Мај 4 2024
Следете нè

Дентална медицина организира научен симпозиум

Традиционално Факултетот за медицински науки, студии по дентална медицина, при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, учествува во континуираната стоматолошка едукација на докторите стоматолози во Македонија.

Годинава се организира 12. Симпозиум, кој ќе се одржи на 11 ноември 2023 година, на тема „СОВРЕМЕНИ ПРИСТАПИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ПАЦИЕНТИ КОИ ПРИМААТ АНТИКОАГУЛАНТНИ, АНТИАГРЕГАНТНИ И АНТИХИПЕРТЕНЗИВНИ ЛЕКОВИ“.

Симпозиумот е акредитиран од стручна комисија при Стоматолошката комора на Македонија со 8 бода за пасивно и 12 бода за активно учество.

Сите заинтересирани доктори стоматолози кои сакаат да присуствуваат по уплатената котизација која изнесува 1000 денари, задолжително да се регистрираат на следниов линк:

https://forms.gle/xT8Z69Awjm3y7Gv57

Брошура (.pdf)

Програма (.pdf)