Сабота, Декември 21 2024
Следете нè

Повик за студентите на УГД за Erasmus + buddy

Erasmus + buddy е иницијатива на Еразмус + програмата која е имплементирана на секој универзитет во Европа.

Иницијативата има за цел да ја развие интернационализацијата кај домашните студенти преку промовирање на интеркултурна размена на искуства помеѓу домашните и странските студенти.

Преку оваа иницијатива, престојот на странските студенти при Еразмус + размената значително ќе им се олесни, додека на локалните студенти ќе им понуди уникатна можност за волонтирање и социјализација со нови пријатели од странски универзитети.

Еразмус + buddies се овде за да им помогнат на новите студенти со сите проблеми со кои би можеле да се сретнат за време на нивниот престој во Штип.

Кои се обврските на Erasmus + buddy?

  • Да им помогнат на странските студенти во пристапот до информации пред нивното пристигнување;
  • Да им посакаат пријателско „добредојде“ и да им организираат неформална културна прошетка низ градот;
  • Да им помогнат со евентуалните проблеми со кои странските студенти можеле да се сретнат за време на нивниот престој во Штип;
  • Да иницираат активности за полесно вклопување на странските студенти на Универзитетот и во локалната средина;
  • Да учествуваат во церемонијата за пречек на студентите.

 

Кој може да се пријави во Erasmus + buddy програмата?

– Студентите од прв и втор циклус на студии во рамките на УГД.

Кои се бенифитите на студентот buddy?

– Со вклучувањето во оваа иницијатива студентот добива можност да го усоврши англискиот јазик, да запознае различни култури и да се вклучи во тековните активности на Одделението за меѓународна соработка на УГД.

– На крајот од секој семестар студентот кој бил вклучен во програмата ќе добие сертификат за придонес и учество во оваа програма, а овој сертификат ќе носи дополнителни поени при апликација за учество во Еразмус + програмата.

 

Краен рок за пријавување: 31 јули 2023 година

По пријавувањето за учество во програмата, студентот buddy ќе биде повикан на состанок каде што детално ќе бидат објаснети сите активности и обврски.

Спојувањето помеѓу пријавените кандидати за Erasmus + buddy и дојдовните студенти ќе се врши од страна на Одделението за меѓународна соработка.