Недела, Декември 22 2024
Следете нè

Иновативна работилница за најновите иновации во процесно ориентираната карактеризација на рудните тела

Во рамките на заедничкиот проект и иницијатива DIM-ESEE 2, Факултетот за рударство, геологија и нафтно инженерство при Универзитетот во Загреб, Република Хрватска заедно со своите партнери:

  • Универзитет “Гоце Делчев”-Штип, Факултет за природни и технички науки
  • Универзитет во Тузла, Босна и Херцеговина
  • Геолошки завод на Црна Гора, Црна Гора
  • Државниот Технички Универзитет во Атина, Грција
  • Универзитет за рударство и геологија “Св. Иван Рилски, Бугарија
  • Универзитет во Белград, Рударско-геолошки факултет во Белград, Србија
  • Универзитетот во Мишколц, Унгарија
  • Монтан Универзитет во Леобен, Австрија
  • Државен технички универзитет, Днепарска Политехника, Украина
  • Tехничкиот Универзитет во Кошице, Словачка
  • Геоекономикс, Бризбејн, Австралија
  • Универзитет за политехника, Тирана, Албанија
  • Универзитет во Лиеж, Белгија, и
  • Заводот за градежништво, Словенија

Организира иновативна работилница за најновите иновации во процесно ориентираната карактеризација на рудните тела, а во рамките на Дубровничката Интернационална Школа (DIM-ESEE 2), која ќе се одржи во периодот од 19-ти  до 21-ви Октомври, 2022 во Дубровник, Република Хрватска.