Универзитет „Гоце Делчев“ распиша интерен Oглас за избор на студенти од ранливите категории за ослободување од половина од износот за партиципација за прв циклус студии.
Целта е да им се помогне на повеќе групи студенти кои се во ранливите категории и на кои им претставува проблем одвојувањето средства за студирање.
Право на учество на Огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година (во натамошниот текст - апликант), кој припаѓа на некоја од следниве наведени категории и тоа:
- само еден родител запишан во изводот од Матичната книга на родените;
- починат родител;
- еден родител кој го загубил родителското право;
- едниот родител е непознат;
- двајца студенти со родители со минимална месечна плата.
Целосниот оглас на следниов линк.
- Апликациите се поднесуваат до: Архива на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, ул. „ Крсте Мисирков “ – 10А – Штип, со назнака: За Комисија за финансии, инвестиции и развој.
- Апликациите се поднесуваат до: 09.12.2022 година.