Сабота, Април 20 2024
Следете нè

Конкурс за стипендии за тримесечни курсеви во Италија

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (MAECI) го објави Конкурсот за стипендии за студенти за престој во Италија.
Стипендиите се однесуваат на повеќе видови на студиски престои: магистерски студии, докторски студии, престој на институти за музика и уметност, истражувачки престои, курсеви за усовршување на јазичните способности. Курсевите се најчесто тримесечни. Објавениот Конкурс се однесува на стипендии кои ќе можат да се користат во текот на наредната академска година (2023/24).
За Конкурсот се аплицира преку интернет, а рокот за пријавување е 9 јуни 2023 година, до 14 часот.
Во прилог е Конкурсот на италијански и на англиски јазик, како и линк од страницата на Министерството каде може да се најдат сите потребни информации за начинот на аплицирање и за условите кои треба да ги исполнуваат апликантите.

Линк за пријавување: Конкурсот за стипендии