Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности и тоа за:
- Мобилности за студенти
Конкурсот е отворен за:
- 15 студентски мобилности за студии (летен семестар 2023/2024 г.);
- 12 студентски мобилности за пракса.
Право на пријавување имаат редовно запишаните студенти на додипломски студии (прв циклус студии) со запишан најмалку трет семестар, како и студенти на втор и на трет циклус студии.
- Апликантите треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик или јазикот на земјата каде што аплицираат;
- Студентите имаат право да искористат максимум 12 месеци студентска мобилност (студии/пракса) во текот на еден циклус студии;
- Предност имаат кандидатите кои првпат аплицираат на програмата.
Потребни документи за аплицирање:
- ИЗЈАВА за искажување на интерес за учество во Еразмус+;
- фотокопија од индекс (прва страница);
- уверение за положени испити;
- кратка биографија;
- мотивациско писмо;
- две препораки од професори/асистенти;
- потврда за познавање на странски јазик од училиште за странски јазици или Институт за јазици;
- копија од други релевантни сертификати (опционално);
- документ за учество или организација во останати студентски активности на Универзитет „Гоце Делчев“ (учество во студентски научни конференции, симпозиуми, организирање на настан на УГД, креирање на содржини на универзитетските медиуми, член на Студентско собрание и други органи на Универзитетот и др.).
*При потпишување на договорот за учење студентот-апликант треба да избере минимум 5 (пет), а максимум 7 (седум) предмети кои ќе бидат внесени во договорот за учење (Learning agreement). Минимум 3 (три) од предметите треба да бидат од семестарот во кој ќе се врши размената, а останатите предмети можат да бидат од други семестри или изборни предмети. Студентот не смее да избере предмет од поминат семестар кој веќе е слушан или полаган барем еднаш на матичната единица каде што студира студентот.
- Мобилности за вработени
Конкурсот е отворен за 4 мобилности за нaставнички кадар и 3 мобилности за административен кадар.
Селектираните кандидати треба сами да воспостават контакт со институцијата и да добијат писмо за прифаќање.
Мобилноста во високообразовните институции во ЕУ трае најмногу 5 (пет) работни дена. Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите).
- Критериуми за апликација:
- Право на пријавување имаат сите вработени (наставнички, соработнички и административен кадар) на Универзитет „Гоце Делчев “ – Штип кои не користеле Еразмус + мобилност во последните 2 (две) години;
- Предност имаат кандидатите кои првпат аплицираат на програмата.
- Потребни документи кои вработените задолжително ги доставуваат на распишаниот Конкурс за Еразмус+ мобилности се:
- Изјава за вработен;
- Образец за селекција на вработени (наставнички кадар или администрација) за учество во Еразмус+ програмата;
- Mobility Agreement Staff Mobility for Teaching/Training;
Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк:
http://cmus.ugd.edu.mk/index.html
Важни информации
Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично на портирница на Кампус 2 во коверт со назнака:
Одделение за меѓународна соработка (за Еразмус + конкурс)
(Кампус 2)
Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201
2000 Штип, Р. Македонија
Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.
Конкурсот е отворен од 6 септември до 6 октомври 2023 година.