Недела, Декември 22 2024
Следете нè

КОНКУРС ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА за студентска мобилност за студии и пракса

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер  бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности за академската 2022/2023 година почнувајќи од летен семестар и тоа за:

  1. мобилност за студенти:

- студенти на додипломски студии – прв циклус студии, со запишан најмалку трет семестар;

- студенти на втор циклус студии;

- студенти на трет циклус студии.

Право на аплицирање имаат редовните студенти на Универзитет „Гоце Делчев“.

Конкурсот е отворен за:

- 20 студентски мобилности за студии

- 14 студентски мобилности за обука (пракса)

Потребни документи за аплицирање:

  • ИЗЈАВА за искажување на интерес за учество во Еразмус+
  • фотокопија од индекс (Прва страна);
  • уверение за положени испити;
  • кратка биографија;
  • мотивациско писмо;
  • две препораки од професори/асистенти;
  • потврда за познавање на странски јазик од училиште за странски јазици или Институт за јазици;
  • копија од други релевантни сертификати (опционално)

Предност ќе им биде дадена на апликанти кои што до сега немаат учествувано во Еразмус+ програмата.

  1. мобилност за вработени:

Конкурсот е отворен за 3 мобилности за нaставнички кадар и 3 мобилности за административен кадар.

Селектираните кандидати треба сами воспостават контакт со институцијата и да добијат писмо за прифаќање.

Мобилноста во високообразовните институции во ЕУ трае најмногу 5 работни денови. Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите).

Потребни документи:

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк:

http://cmus.ugd.edu.mk/index.html

Важни информации:

Селектираните кандидати се должни да се информираат за организирање на мобилноста во услови на пандемија со Ковид19 (за условите на патување и за начинот на организирање на наставата, кандидатите треба да ја контактираат одбраната институција и надлежните од амбасадата на одбраната држава во која ќе се реализира мобилниста).

Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично на портирница на Кампус 2 во коверт со назнака:

Одделение за меѓународна соработка (за Еразмус + конкурс)

(Кампус 2)

Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201

2000 Штип, Р. Македонија

Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Конкурсот е отворен од 12 Септември 2022 до 7 октомври 2022.