Недела, Декември 22 2024
Следете нè

Конкурс за стипендии на француската влада за студии во Франција

Краен рок за пријавување :  15 мај 2022

Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво Мастер.

Стипендијата ги покрива трошоците за школарина во Франција (во рамките на тоа што е предвидено според важечката регулатива), како и животните трошоци во период од максимум 9 месеци.

Статусот стипендист на француска влада им овозможува и други предности на студентите (сместување во студентски дом, комплетно здравствено осигурување, различни услуги при пристигнувањето, …)

Стипендистите се обврзуваат да ги следат студиите во Франција. Престои во други земји (во рамки на програмите за размена Еразмус+ или друга програма) не се дозволени за времетраењето на стипендијата.

Услови кои треба да ги исполнува кандидатот :

  • да има македонско државјанство
  • да биде на возраст од максимум 30 години

Се препорачува познавање на француски јазик, ниво Б2. Приоритет  ќе им биде даден на студиите на француски јазик.

Сепак, во исклучителен случај можат да бидат разгледани барања за специфични програми на англиски јазик (на високите школи, специјализираните школи за технички науки итн), на студенти кои имаат високи академски достигнувања и ќе покажат издржаност и оправданост на својот проект за студии во Франција и професионална кариера.

Потребни документи за пријавување :

  • Пополнет формулар за барање за стипендија ;
  • Фотокопија од документ за лична идентификација (пасош или лична карта);
  • Потврда дека кандидатот конкурирал на Мастер (кандидатите треба да презентираат потврда дека конкурирале или копија од остварена кореспонденција со францускиот универзитет. Стипендијата се активира после добивањето на официјален документ за прием);
  • Копија од последна диплома и уверение за положени испити (доколку оригиналите се на македонски или некој друг јазик, документите ќе треба да се достават со заверен судски превод на француски јазик) ;
  • Најмалку една препорака од професор ;
  • Писмо за мотивација во кое кандидатот треба да ги изнесе своите видувања за начинот и конкретната примена на здобиените знаења од студирањето, после враќањето  во земјата;
  • Потврда за познавање на француски јазик (не е задолжителна, меѓутоа и дава дополнителна вредност на кандидатурата);
  • Биографија (Curriculum Vitae)
  • Една фотографија

Некомплетните барања нема да бидат разгледувани.

Критериуми за селекција :

Комисијата за доделување на стипендии ќе се раководи од повеќе критериуми, а особено од: досегашниот успех во студиите, мотивацијата на студентот, квалитетот, издржаноста и кохерентноста на планот за студии и професионалниот проект на студентот.

По извршената претселекција врз основа на документите, кандидатите ќе бидат повикани на разговор во Францускиот институт во Скопје (со можност  разговорот да се реализира онлајн).

Комисијата за доделување на стипендии ќе ги информира кандидатите за дефинитивната одлука во текот на месец јули 2022 година.

Комисијата за доделување на стипендии е суверена и нејзините одлуки се дефинитивни.

Целиот конкурс може да се најде на следниот линк: https://www.ifs.mk/appel-a-candidatures-aux-bourses-du-gouvernement-francais-2020-2021/