Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ) денес со студентите на Филолошки факултет одржа работилница и го презентираше Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“.
Конкурсот е отворен за млади преведувачи, до 26 години, кои може да достават преводи од литературни дела (или извадоци од литературни дела) објавени во последните 3 години на некој од 24-те службени јазици на ЕУ на некој од јазиците што се зборуваат во земјава.
Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ е основана во 2013 година, на иницијатива на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, а Конкурсот партнерски го организираат Делегацијата и Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ).
Во изминатите години два студентски преводи на студенти на УГД ја имаат освено наградата од овој Конкурс.