БИРН Косово отвори повик за аплицирање за својот прв тридневен курс за обука за правно и за безбедно известување за кризи како дел од проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на квалитетни вести и независно новинарство во Западен Балкан и Турција II“.
Обуката ќе се одржи во периодот од 16 до 18 јуни 2023 година во Драч, Албанија. Обуката ќе се одржи на англиски јазик. Ќе биде обезбеден превод на албански и на српски јазик.
Целта на регионалниот камп за обука е да им обезбеди специјализирани знаења на новинарите што ќе им помогнат да се заштитат себеси и нивните редакции од различни видови напади, како што се физичките напади, правните дејствија, односно Стратешки тужби против учеството на јавноста (СТПУЈ / SLAPP), како и да ја зачуваат нивната дигитална безбедност.
Со оглед на кревката состојба на демократијата во Западен Балкан, вештините за известување за кризи, како што се покривање немири и протести, но и избори, се од суштинско значење за одржување на високи професионални стандарди, како и за одржување на личната безбедност на новинарите.
Новинарите често се мета на клеветнички кампањи во таблоидниот печат и социјалните медиуми затоа што професионално ја вршат својата работа. Тие, исто така, се соочуваат со тешкотии во зачувувањето на нивната дигитална безбедност и во одржувањето на безбедноста на нивните извори и работата.
Оваа регионална обука е дизајнирана да одговори на овие предизвици со користење на мултисекторски пристап, вклучувајќи експерти од различни сродни области, со цел да ги споделат своите знаења и вештини. На обуката ќе бидат прикажани практични симулации на соодветни техники што може да послужат како одговор при напад, но и како со нив да се дејствува превентивно. Голем број обучувачи, говорници (домаќини и однадвор) и раководни уредници на БИРН ќе раководат со сесиите.
Кој може да аплицира?
За курсот може да се пријават студенти по новинарство од завршната година, неодамна дипломирани, како и млади и професионални новинари
од регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Турција и Србија).
Како да аплицирате?
Сите апликации треба да се достават на албански, српски или англиски јазик до 31 мај 2023 година, на полноќ по средноевропско време на
- CV на апликантот;
- Работен примерок;
- Мотивациско писмо.
Кандидатите кои немаат објавено дело можат да ги достават своите студентски задачи од практичните курсеви по новинарство.
Мотивациското писмо треба да дава информации за мислењето и за знаењето на апликантот за темата, но не треба да надминува 400 зборови.
Краен рок за аплицирање е 31 мај 2023 година.