Студентите во последната фаза од студиите (кои ќе дипломираат во август или септември 2023 г.) или оние кои се дипломирани не подолго од 6 месеци пред 31 август 2023 г., како и оние на магистерски студии, имаат можност да учествуваат во програма за практикантска работа во Македонија. Програмата е наречена Career Transition Support North Macedonia и е наменета за стекнување практично искуство за подобрување на вештините и шансите за вработување.
Оваа програма на World University Service (WUS) е финансирана и поддржана од Владата на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.
За учество, заинтересираните е потребно да се најават на линкот во прилог: Линк за најава
Можат да аплицираат:
- Студенти кои се во последната фаза од нивните студии (ќе дипломираат во август или септември 2023 г.);
- Студенти кои се дипломирани не подолго од 6 месеци пред крајниот рок за пријавување (31.8.2023 г.);
- Студенти кои се на магистерски студии.
Во рамките на Програмата се нудат обуки за тоа како да ја пронајдете вашата работа од соништата (креирање CV, Motivation Letter и вашето прво интервју), 15 000 денари месечно за период од 3 до 6 месеци, секаков вид на консултации за практикантска работа и отворање на свој бизнис, како и два тренинг-курса за тоа како да се направи практикантската работа успешна.
На располагање се 50 стипендии за 50 студенти (предност ќе имаат оние кои ќе приложат најдобри апликации и оние кои доаѓаат од семејства со ниски приходи).
За повеќе информации можете да контактирате со Димитар Каљошевски на
Инфо за World University Service-Deutsches Komitee:
World University Service (WUS) е меѓународна невладина организација која е политички неутрална. Формирана во 1920 година, WUS ги поддржува студентите и академскиот кадар во високообразовните институции и се стреми кон еднакви права за образование. Денес, WUS постои во над 50 земји ширум светот.