Сабота, Април 27 2024
Следете нè

Обуки за студенти, средношколци и останати заинтересирани за подготовка на физибилити студии

Економскиот факултет заедно со Центарот за кариера и развој во рамките на УГД организираат Обука за подготовка на физибилити студија. Обуката ќе ја раководат професори од Факултетот. Отворена е за сите заинтересирани, со особен акцент на студентите и средношколците.

Обуката ќе се одржува онлајн и со физичко присуство на 6 декември 2022 година.

Оние кои ќе бидат вклучени со физичко присуство ќе треба да дојдат во предавална 5 на Економски факултет (УГД – Штип) во 10 часот, а останатите во истото време ќе треба да се вклучат на платформата Microsoft Teams.

Сите заинтересирани можат да се пријават на мејл: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака дали се за физичко присуство или онлајн. Оние кои ќе се пријават за онлајн присуство навремено ќе добијат соодветен линк за присуство.

Сите учесници ќе добијат сертификат за учеството.