Сабота, Април 20 2024
Следете нè

Повик за студенти на уметност, дизајн, архитектура и сите млади професионалци под 30 години

Студентите на дизајн, уметност, архитектура, како и сите професионалци помлади од 30 години можат да учествуваат на Конкурс за изработка на официјално лого за настаните по повод 30 години дипломатски односи меѓу Италија и Северна Македонија.
Во име на Амбасадата на Италија во Скопје, Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје и Академијата за дизајн (Accademia Italiana) во Фиренца упатуваат Повик и до студените на УГД да учествуваат на Конкурсот за изработка на официјално лого за културните иницијативи организирани во рамките на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Италија и Северна Македонија.
Повикот е наменет за студенти на уметност, дизајн, архитектура и професионалци помлади од 30 години.
Краен рок за испраќање предлози е 5 мај 2023 година.
Повеќе информации можете да најдете на следниов линк:
MK https://ambskopje.esteri.it/ambasciata_skopje/mk/ambasciata/news/dall_ambasciata/2023/04/bando-di-concorso-per-la-realizzazione.html