Недела, Декември 22 2024
Следете нè

Повик за тренинг курс по истражувачко новинарство и проверка на факти

БИРН Косово распиша Повик за апликанти за дводневен тренинг курс за истражувачко новинарство и проверка на факти, како дел од ЕУ проектот „Зајакнување на квалитетни вести и независно новинарство во Западен Балкан и Турција“.

Во последниве години лажните вести и оркестрираните кампањи со дезинформации имаа геополитичко влијание, влијаејќи на изборите во етаблираните и демократиите во зародиш,  поткопувајќи го справувањето со глобалните предизвици, вклучително и кризата КОВИД-19 и војната во Украина. Ендемичните светски феномени на лажни вести и дезинформации ги мачат земјите од Западен Балкан во последниве години.

По обуката, учесниците ќе имаат можност да бидат дел од стипендија за пишување написи за прекугранични истраги и проверка на факти.

Кој може да аплицира?

За курсот може да се пријават студенти по новинарство од завршна година, дипломирани и млади и професионални новинари од земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Сите апликации треба да се достават на англиски јазик пред  31 август 2023 година,  на полноќ по средноевропско време на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. заедно со следните документи:

  • CV на апликантот
  • Работен примерок
  • Мотивациско писмо

Целосниот Повик и деталите најдете ги на следниов ЛИНК