Четврток, Ноември 21 2024
Следете нè

Отворен повик за истражувачки и додипломски студиски програми во Јапонија

Отворен е повик на Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија за школарини за Истражувачки и Додипломски студиски програми. Студентите можат да аплицираат до 26 мај за да влезат во конкуренција за студиски престој во Јапонија.
Сите потребни информации може да се најдат на веб-страницата: https://www.studyinjapan.go.jp/

Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија (MEXT) ги повикува потенцијалните кандидати од Република Северна Македонија да се пријават за:
 1) Истражувачка студентска програма

https://www.studyinjapan.go.jp/en/smap-stopj-applications-research.html?fbclid=IwAR3ZueIG0ZnsnNr2VpSfa5Z3rLZ6wfzePjYMoIAqHjBIglo5Pr1O7d8JEZo2)    

2) Додипломска студентска програма

https://www.studyinjapan.go.jp/en/smap-stopj-applications-undergraduate.html?fbclid=IwAR0PGDdQewtNuBi9Bnc5icUBoI6i1iuiA7byT1C57Zs7iU8OVg94fUnrcJI   

Потребната документација треба да се поднесе на англиски јазик или со официјален превод. Скенираните документи треба да се испратат до This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. (мејл не поголем од 10MB), а оригиналните документи и две копии се поднесуваат до Амбасадата на Јапонија.
26 мај 2023 година е крајниот рок за поднесување на оригиналната документација до Амбасадата на Јапонија на адреса „Филип Втори Македонски“ 3, Соравиа Центар, кат 6, 1000 Скопје. Селектираните кандидати ќе бидат контактирани за тестирање и интервјуа предвидени за во средината од месец јуни.
Заинтересираните студенти на следниот линк може да погледнат примери од испитни прашања од претходни години.

https://www.studyinjapan.go.jp/en/planning/scholarship/application/examination/index.html#1

Исто така, на следниот линк може да се добијат информации за студентскиот живот и универзитетите во Јапонија:

https://www.studyinjapan.go.jp/en/