Како дел од активностите во рамките на проектот AI-NURECC PLUS чија цел е промоција и зацврстување на меѓународната соработка помеѓу земјите од Јадранско-Јонскиот Регион, се распишува Конкурс за транснационална мобилност која вклучува стажирање на одредена институција во рамките на земјите од истоимениот регион и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Италија, Црна Гора, Северна Македонија, Сан Марино, Србија и Словенија.
Вкупно се предвидени 27 мобилности за стажирање коишто би се оствариле во период од три месеци (4 септември – 24 ноември 2023). Мобилностите се наменети за студенти запишани на втор циклус студии и би можеле да се искористат на универзитетите коишто се членови на УНИАДРИОН мрежата (во која членува и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип), во Стопанските комори коишто се членови на Форумот на комори од Јадранско-Јонскиот Регион (Chambers of Commerce - FORUM AIC members), вo градовите (единиците на локална самоуправа) и регионите коишто се дел од Форумот на Јадранско-Јонските градови (Forum of Adriatic and Ionian cities - FAIC) и во регионите од Јадранско-Јонскиот Еврорегион (Adriatic Ionian Euroregion - AIE). Исто така, мобилноста за стажирање може да се искористи и во рамките на Генералниот директорат на Европската комисија (DG REGIO of the European Commission), како и во рамките на делегациите на членките на Интермедитеранската комисија на Конференцијата на Периферните поморски региони во склоп на Јадранско-Јонскиот Регион (Intermediterranean Commission of the Conference of Peripheral Maritime Regions – CPMR), коишто можат да прифатат стажанти во Брисел, во зависност од изборот на кандидатите и расположливоста на институцијата домаќин.
Општата цел на овие мобилности, пред сѐ, е да се подигне свеста кај младите луѓе за постоењето на Јадранско-Јонскиот Регион на соработка, како и да се запознаат со сегашните пракси на соработка, но и со други идни сценарија и можности за идна соработка. Оттука, конкретните цели се повеќекратни и тоа: да се зацврсти меѓународната соработка помеѓу земјите од Јадранско-Јонскиот Регион, да се промовира структурната мобилност, како и да се подобрат способностите и вештините на младите луѓе.
Во однос на мобилноста, секој избран кандидат ќе добие определени финансиски средства за целиот период на мобилност, при што на секој кандидат ќе му бидат покриени трошоците за осигурување.
Одговорни институции за управување со мобилностите за стажирање се Униадрион мрежата и партнерите на проектот AI-NURECC PLUS, коишто ќе бидат активно вклучени во текот на севкупното траење на активностите.
Сите потребни информации за пријавување за мобилност може да ги најдете во прилог на оваа информација:
• Повик за транснационална мобилност за стажирање во рамките на AI-NURECC PLUS (Call for AI-NURECC PLUS Transnational Mobility Experience);
• Модул А – Формулар за регистрација (Module A - Registration form);
• L – База на податоци во ексел табела со сите институции кои нудат можности за стажирање (L - Database of Hosting Institutions).
Рокот за доставување на апликации е 31 јули 2023 година и пријавувањето се врши на следната email адреса:
За дополнителни информации обратете се на: