Среда, Август 17 2022
Следете нè

Конкурс за упис на студенти на УГД – прв уписен рок на 25, 26, 29 и 30 август

Објавен е Конкурсот за упис на студенти во прва година на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Првиот уписен рок е на 25, 26, 29 и 30 август, вториот на 9 и 12 септември, и третиот уписен рок на 21 и 22 септември.

Вкупно има 3870 слободни места, од кои 2872 за редовни студенти, 833 за квотата со кофинансирање и 755 за вонредни студенти.

Од годинава на насоката Општа медицина на ФМН има студиска програма на англиски јазик, а на англиски се реализираат и студиски програми на Правниот факултет, Музичката  академија и Филмската академија.

Кандидатите и оваа година ќе можат да аплицираат електронски, преку платформата на веб-страницата на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

 

Линк: УПИСИ 2022/2023 Г.