Недела, Декември 22 2024
Следете нè

Македонија2025, Семос Eдукација и Цертиадриа нудат целосни стипендии за 200 млади лица за Microsoft обуки (PowerApplications и Azure Fundamentals)

Македонија2025, Семос Eдукација и Цертиадриа им нудат на 200 млади лица од Македонија на возраст 14-20 години единствена можност да ги подобрите своите дигитални вештини и да станат дел од дигиталниот свет.

Еден од приоритетите на Македонија2025, како организација со примарен фокус на економски и лидерски развој, е зголемување на дигиталната писменост на населението, а особено поддршка на младите во нивниот личен и професионален развој. Развојот и унапредувањето на дигиталните вештини стануваат приоритет за секоја индивидуа, но и за општеството во целост. Оттука, нашата поддршка на дигиталната „писменост„ на младите во Македонија има за цел да обезбеди подобра и просперитетна иднина на идните генерации на работодавачи, претприемачи и работници, како и на државата.

 

ЗА ОБУКИТЕ

Македонија2025, Семос Eдукација и Цертиадриа обезбедуваат целосна стипендија за следните Microsoft обуки: PL-900 (PowerAplications) и AZ-900 (Azure Fundamentals), за 200 млади од Македонија.

Обуките ќе се одржуваат онлајн, а на крајот на секоја обука ќе се полага испит за сертифицирање, со што ќе добиете значка за Microsoft Certified: Azure Fundamentals и Power Platform Fundamentals.

Повеќе информации за обуките се достапни на следните линкови:

https://docs.microsoft.com/en-us/learn/paths/power-plat-fundamentals/

https://docs.microsoft.com/en-us/certifications/azure-fundamentals/

Со овие обуки, ќе започнете да го сертифицирате и верификувате вашето познавање во овие области на дигитални вештини, притоа официјализирајќи ги вашите вештини преку светски познатите и признати обуки на Microsoft.

 

АПЛИЦИРАЊЕ

Учесниците кои сакаат да ги посетуваат обуките може да аплицираат со пополнување на формуларот на следниот ЛИНК

https://forms.office.com/pages/responsepage.aspx?id=p5Vnext2r0ahdypzIE-ANiVUGJ7sVU1LjxEDbblPFYBURTVRTklZQTdOSDY4VkRKSjNQM0M5RkFaSi4u

 

Еден учесник може да ги посетува и двете обуки.

Краен рок за аплицирање е 07 септември, 2022 година, до 23:59 часот.

УСЛОВИ И СЕЛЕКЦИЈА

  • Учесниците да се на возраст од 14-20 години, заинтересирани за стекнување и надоградување на знаењата и вештините во областа на информатичките технологии;
  • Познавање на англиски и македонски јазик;
  • Ракување со персонален или преносен компјутер.
  • Селекцијата на кандидатите ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“, до пополнување на бројот од 200 места.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ, ДАТА И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ

Обуките ќе се одржуваат ОНЛАЈН во периодот од 12 – 16 септември, 2022 г.

За секоја од обуките ќе има по 2 термини (претпладне и попладне), усогласени со училишниот распоред на часови на учесниците.

Секоја од обуките ќе се одржува во тек на 2 денови, по 4 часа секој ден.

  • Обуката AZ-900 (Azure Fundamentals) ќе се одржува на 12 и 13 септември, 2022 г., во 2 групи.
    • Почетокот на обуката за првата група е секој ден од 09:00 – 13:00 часот.
    • Почетокот на обуката за втората група е секој ден од 13:00 – 17:00 часот.
  • Обуката PL-900 (PowerAplications) ќе се одржува на 14 и 15 септември, 2022 г., во 2 групи.
    • Почетокот на обуката за првата група е секој ден од 09:00 – 13:00 часот.
    • Почетокот на обуката за втората група е секој ден од 13:00 – 17:00 часот.

По завршување на обуките, во периодот од 19 – 23 септември ќе бидат спроведени вежби со практични тестови, додека полагањето на испитите ќе се спроведе во периодот од 26 – 30 септември, 2022 година.

За најдобрите ученици (во двете категории) ќе следи бесплатна официјална обука од напредно ниво односно:

  • За PL-900 ученикот кој ќе добие најдобар резултат на испитот, наградата е официјален PL-300 – Microsoft PowerBI курс во вредност од 575 евра.
  • За AZ-900 ученикот кој ќе добие најдобар резултат на испитот, наградата е официјален AZ-900 – Microsoft AZ-104 – Azure Administrator обука во вредност од 680 евра.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

Преземено од: Македонија2025