Сабота, Ноември 23 2024
Следете нè

УГД стана членка на Меѓународната асоцијација на универзитети Униадрион, која нуди можност за постдокторски студии

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип стана полноправна членка на Меѓународната асоцијација на универзитети од Јадранско-јонскиот Регион, насловена „Униадрион“, која претставува непрофитна меѓународна организација отворена за универзитети од Јадранско-јонскиот Регион, односно: Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Италија, Црна Гора, Северна Македонија, Сан Марино, Србија и Словенија. Главната цел на организацијата е да промовира соработка помеѓу универзитети и истражувачки центри со цел да ја зацврсти меѓународната соработка и да го негува прогресот на културата, науката, обуките и истражувањето во земјите од овој регион. Таа делува во насока на промоција на европската интеграција и проширување на Европската Унија со цел да ги промовира и унапреди безбедносните стандарди и почитувањето на правото, да промовира еднакви можности за мажи и жени и да ја промовира културата на мирот.

Организацијата нуди многу можности за актуелните научни работници. Политехничкиот универзитет во Марке од Италија, каде воедно се наоѓа Секретаријатот на Асоцијацијата Униадрион, нуди можност да се пријавите за Мастерклас за оние кои се заинтересирани да аплицираат на постдокторски студии (Postdoctoral Fellowship MSCA), како и да ги погледнете објавите на повеќе од 30 предлози за научно-истражувачки проекти на пет факултети на истоимениот универзитет. Повеќе информации може да најдете на Euraxess , University и на LinkedIn.

Повеќе информации се достапни и на следните веб- страници: https://mscamasterclass.univpm.it.

Marie Skłodowska-Curie Postdoctoral Fellowships (MSCA PF) - Incoming/Outgoing:

https://euraxess.ec.europa.eu/worldwide/lac/marie-sk%C5%82odowska-curie-postdoctoral-fellowships-msca-pf-incomingoutgoing.

Доколку сте заинтересирани, пратете мејл на Секретаријатот на Униадрион (This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.), адресирано до проф. Андреа Перна (Andrea Perna), генерален секретар на Униадрион или обратете се кај проф. Ана Никодиновска Крстевска (This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.).