Недела, Декември 22 2024
Следете нè

Програмата за практикантска работа на германската бизнис-заедница (Zoran Djindjic Internship Programme of German Business for the countries of the Western Balkans)

„Зоран Ѓинѓиќ“ програмата за практикантска работа на германската бизнис-заедница за земјите од Западен Балкан  (Zoran Djindjic Internship Programme of German Business for the countries of the Western Balkans) им дава можност на (редовно) запишаните студенти на прв (студенти во трета или четврта година) и втор циклус студии, како и дипломирани студенти од прв или втор циклус студии во претходната година, да стекнат работно искуство во врвни германски компании. Оваа програма ги поддржува образованието и обуката на младите од Западен Балкан и е основана во чест на Зоран Ѓинѓиќ, првиот демократски избран премиер на Србија.

Тоа е заедничка иницијатива на Германското источно деловно здружение (Оst Аusschuss der Deutschen Wirtschaft) и Сојузното Министерство за економска соработка и развој (Bundesministerium für Zusammenarbeit BMZ), а имплементацијата е надгледувана од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

Заинтересираните студенти можат да се информираат за процесот на аплицирање на веб-страницата: https://www.djindjic-stipendienprogramm.de/applicants#application или на една од следниве онлајн презентации на платформата Zoom:

24 октомври 2023 г., 19:00 часот

https://us06web.zoom.us/j/83543192093

Meeting ID: 835 4319 2093

26 октомври 2023 г., 16:00 часот

https://us06web.zoom.us/j/83598290201

Meeting ID: 835 9829 0201

2 ноември 2023 г., 16:00 часот

https://us06web.zoom.us/j/87919361897

Meeting ID: 879 1936 1897

 

  • Презентација во Штип

Спроведена лично од програмската директорка Антје Милер при Асоцијацијата на Германското источно деловно здружение.

Времето и локацијата ќе бидат дополнително објавени.

Ги покануваме студентите и младите дипломирани студенти да аплицираат за платена пракса од 3 до 6 месеци во Германија, почнувајќи од јули 2024 година. Периодот за аплицирање е од 1 октомври до 15 ноември 2023 година. Програмата нуди сеопфатна поддршка, вклучувајќи:

  • Месечна стипендија,
  • Организациска и административна помош,
  • Покриени трошоци за виза,
  • Авионски повратен билет,
  • Еднонеделна воведна недела (каде што стипендистите се запознаваат со условите и административните пречки за време на нивниот престој).

Процесот на аплицирање вклучува четири фази: онлајн апликација, интервјуа, избор од компании и подготовка за практиканти. 

Досега алумните од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (УГД), Исидора Јанева (генерација практиканти 2021) и Даниел Ташев (генерација практиканти 2023) успешно учествуваа во програмата. Во продолжение можете да прочитате повеќе за нивните искуства.

Даниел: „Оваа пракса, којашто за мене сѐ уште трае, е едно од најубавите искуства во мојот живот. Овие неколку месеци имав шанса да го поврзам моето теориско знаење со практики во реалната економија, но и да научам многу за корпорацискиот свет, за пазарите на електрична енергија и за иднината на светот во контекст на енергетската транзиција. Јас сум дел од тимот за стратегија и позиционирање на пазар во Uniper Renewables, тим во којшто има професионалци со повеќедецениско искуство на овој пазар и колеги коишто секогаш се расположени за давање совети, насоки и задачи за мој личен напредок и прогрес на професионално ниво.

Ова е шанса за секој студент на УГД да добие практикантско искуство во реномирани компании во Германија, да стекне клучни вештини за напредок во својата кариера, но и да го искуси германскиот начин на живот и култура. Затоа ги охрабрувам сите студенти и скоро дипломирани да се пријават и заедно да ја започнеме традицијата на стипендисти од УГД“.

Исидора: „Праксата ми даде можност да видам свет кој мислев дека е недостижен за мене - ми даде мотивација да се борам и да излезам од сопствената зона на комфорот. Можноста да работам во Mangold Consulting, под менторство на проф. д-р Клаус Манголд како студент-практикант ми даде уникатен поглед во економијата на идеи и тоа како иновативни решенија, транспарентни разговори и упорност во менаџмент-консалтинг браншата може да создадат реален импакт во работата на билатерални стратешки проекти. Се запознав со регионот Централна Азија, конкретно со земјите Узбекистан и Казахстан, со нивната историја, економија и политика, што за мене се уникатни вештини кои успешно ме позиционираат на интернационалниот пазар на труд. Јас бев првиот учесник на програмата од УГД и би ми било особено задоволство ако се продолжи оваа традиција со идна генерација на студенти, како што сега продолжи со Даниел. Затоа, ги повикувам моите колеги да бидат храбри и да се впуштат во авантура која ќе им донесе не само професионално искуство, туку и доживотни пријатели“.