Четврток, Декември 26 2024
Следете нè

(Видео) 1000 наслови библиотечен фонд во е-библиотеката на УГД

Универзитетот „Гоце Делчев“ достигна 1000 наслови во својата електронска библиотека. По тој повод денес раководителката на Центарот за издавачка дејност, проф. д-р Лилјана Колева-Гудева, раководителот на Центарот за е-учење, проф. д-р Зоран Здравев и ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, одржаа заедничка прес-конференција. На прес-конференцијата беа истакнати придобивките од електронската библиотека, но и понатамошниот развој на УГД во насока на дигитализацијата на високото образование. Во продолжение видеото од целата прес-конференција и информации за електронската библиотека.

Уште од своето основање, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип направи значајни чекори за креирање на сите потребни капацитети кои ќе ја развиваат издавачката дејност како клучна дејност на секоја високообразовна институција. Издавачката дејност опфаќа обемен и комплексен сегмент од работењето на Универзитетот.

Низ изминативе 16 години постоење на УГД, издавачката дејност е како потпорен ѕид и поддршка на сите активности кои се одвиваат на Универзитетот и на своевиден и препознатлив начин ја пишува историјата на УГД. Почетоците во овој сегмент воопшто не беа лесни. Се печатеа книги, учебници и учебни помагала, се трошеа многу универзитетски средства неповратно за да поголем дел од нив стојат на рафтовите во книжарниците. Во периодот од 2007 до 2010 Универзитетот „Гоце Делчев” како издавач отпечати над сто изданија на учебници и учебни помагала и исто толку книги кои се продаваа во книжарниците на кампусите во Универзитетот, како и дополнителна литература од други издавачи.

Поаѓајќи од својата мисија за современ пристап во издаваштвото, УГД во 2011 година имплементираше електронската библиотека која отвори нова можност за изразување и презентирање на издавачката дејност. Напредните информатички и комуникациски технологии, како и новите техники за научно истражување, налагаа промовирање на современ пристап во методите на наставната и во истражувачката дејност. Тоа создаде потреба да се промовира нов и современ пристап во издаваштвото што беше наша водечка идеја во формирањето на дигиталната универзитетска библиотека. За да бидеме во чекор со светскиот тренд во електронскиот пристап на универзитетските изданија УГД започна со подготовката на нова алатка, е-библиотеката на порталот на нашиот Универзитет. Така се отвори нов и мултимедијален пристап за брза, точна и бесплатна информација, како за студентите, така и за професорите и истражувачите. Е-библиотеката отвори нова можност за изразување и презентирање на издавачката дејност на Универзитетот која ги опфаќа високообразовните, научноистражувачките и стручно-апликативните публикации на сите петнаесет единици.

Денес сме сведоци како е-библиотеката на УГД континуирано и секојдневно се збогатува со нови содржини, учебници и учебни помагала од сите 15 единици на Универзитетот. Електронската библиотека располага со 1000 наслови библиотечен фонд, овозможува мултимедијален пристап и претставува база на сите изданија, учебници и учебни помагала на УГД. Пристапот до е-библиотеката е едноставен, брз, препознатлив за современото работење на овој современ Универзитет, а сите изданија им се бесплатно достапни за вработените, студентите и на целокупната јавност на линкот

https://e-lib.ugd.edu.mk/naslovna.php

Во својата шеснаесетгодишна високообразовна и научноистражувачка работа, Универзитетот „Гоце Делчев” - Штип објавува каталози на изданија, како годишен преглед на издавачката дејност. Сите досега објавени каталози на изданија се јавно достапни во е-библиотеката на УГД на линкот

https://e-lib.ugd.edu.mk/e-katalozi.html

Универзитетот им припаѓа на студентите и сите активности што ги презема Универзитетот се наменети токму за нив. Во таа насока, се обезбедува и современ пристап во издавачката дејност. Одржувањето и збогатувањето на библиотечниот фонд од академски учебници и учебни помагала во електронската библиотека на Универзитетот „Гоце Делчев” - Штип е водечка идеја во реализација на издавачката активност на академската заедница.

 

Издавачка дејност на УГД 2007 – 2023 низ бројки, според податоци на Комисијата за издавачка и нормативна дејност

Год.

Годишен план ИД
во МКД

Исплатен авторски хонорар МКД

Пријавени изданија вкупно

Пријавени / реализирани учебници

Процент на реализирани учебници

Универзитетски билтен бр. (од-до)

Универзитетски гласник бр. (од-до)

2007

-

-

-

-

-

1-4

1-2

2008

1.400.000

-

-

-

-

5-13

3-6

2009

1.800.000

-

4

-

-

14-33

7-12

2010

2.500.000

-

38

29/6

20,60%

34-51

13-17

2011*

3.000.000

487.800

66

20/12

60%

52-72

18-12

2012

3.000.000

514.650

183

104/13

12,50%

73-94

22-25

2013

1.700.000

936.620

222

55/30

54,40%

95-116

26-29

2014

1.700.000

822.670

272

64/33

51,50%

117-138

30-32

2015

1.900.000

756.470

240

67/27

40,29%

139-161

33-34

2016

2.000.000

488.300

249

91/14

15,38%

162-182

35-36

2017

2.000.000

980.300

237

97/22

22,60%

183-203

37

2018

2.500.000

1.508.950

284

126/37

29,36%

204-224

38-39

2019

2.500.000

1.627.160

190

90/36

40%

225-244

40-45

2020

2.500.000

1.447.030

219

109/32

29,35%

245-268

46-48

2021

2.500.000

1.402.627

246

116/29

25%

269-289

49-51

2022

2.500000

1.287.940

232

124/31

25%

290-312

52-22

2023

2.500.000

во тек

255

144/во тек

во тек

313-

56-


* Од 27 март 2011 година започнува реализацијата на е-библиотеката на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

 

Бројна застапеност на наслови во е-библиотека по факултети

 

Процентуална застапеност на наслови по кампуси на УГД

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com