Недела, Декември 22 2024
Следете нè

Претставници на Светска банка одржаа предавање на Економски факултет

Претставници од Светска банка денес одржаа предавање и презентација пред студентите на Економски факултет на Универзитет „Гоце Делчев“.

Претставниците на Светска банка презентираа студија со наслов: MK Trade Diagnostic and State Aid Effectiveness –Workshop on Methodologies used for TRADE diagnostic.

„Оваа студија е значајна за државата и економскиот развој, но исто така е одлична можност за студентите да се запознаат директно со работата на Светска банка и со оваа значајна економска студија“, изјавија од Економски факултет.

Студијата која е анализа на Светска банка претставува анализа на економската состојба на државата и начин за подобрување на истата.