Одделот за фармација при Факултетот за медицински науки на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип на 23 септември годинава го организира Првиот симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата.
Темата на овогодишниот симпозиум е „Фармацевтска грижа: актуелности, можности и предизвици“.
На симпозиумот ќе учествуваат предавачи од странство, како и од другите факултети/студиски програми по фармација во нашата земја и предавачи од Одделот за фармација на Факултетот за медицински науки при УГД. На настанот комерцијално ќе бидат претставени и повеќе фармацевтски компании. Симпозиумот е акредитиран од Фармацевтската комора на РСМ.
Информациите за регистрација и учество ќе бидат објавени наскоро
Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармација
- Details
- Hits: 881