Филолошки факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип организира гостинска предавање на две предавачки од САД на тема „Имиграцијата во Италија од правен и книжевен аспект“. Предавањето ќе се одржи на 8 мај 2023 г. со почеток во 12 часот во свечената сала на Факултетот за образовни науки во Штип. Претходно, во 11 часот, професорките ќе имаат средба со ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.
Предавачи и теми:
- проф. Грациела Парати од Дартмут колеџ: Право, книжевност и имиграција
- Professor Graziella Parati: Law, Literature and Immigration
- Професор Лидија Ради од Универзитетот во Ричмонд, Живот во дијаспората: книжевната вредност на транснационалните нарации
- Professor Lidia Radi, Diasporic Lives: the Value of Literature in Transnational Narratives.
Предавањето ќе се одржи на англиски јазик во присуство на преведувач.