Вторник, Декември 3 2024
Следете нè

ФОН потпиша Договор за соработка со Институтот за педагошки истражувања од Белград

На иницијатива на Факултетот за образовни науки, потпишан е договор за соработка помеѓу Институтот за педагошки истражувања во Белград и Универзитет ,,Гоце Делчев'' во Штип. Институтот за педагошки истражувања во Белград е основан во 1959 година и е прва самостојна научно-истражувачка институција во Србија која го проучува процесот на воспитание и образование.

Како водечка научно-истражувачка установа во Србија, Институтот за педагошки истражувања, придонесува за унапредување на образовната пракса со крајна цел да се поттикне општествениот развој како и квалитетот на живот на сите учесници во воспитно-образовниот процес. Започнатата соработка создава можности двете институции заеднички да работат на унапредување на воспитно-образовниот процес во Македонија и Србија.