Четврток, Декември 5 2024
Следете нè

ФОН домаќин на состанок на уредници на списанија од областа на воспитанието и образованието

На Факултетот за образовни науки на УГД се одржа состанок на уредници на списанија од областа на воспитанието и образованието. На состанокот ќе присуствуваат уредници на списанија од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и од Македонија. Во рамки на овој собир уредниците ги промовираат списанијата и ќе се одржи работен состанок за заедничка соработка и унапредување на состојбата на списанијата од регионот.

  • Денес имаме гости, наши колеги, професори и многу битно уредници на списанија од Белград, Загреб, Нови Сад, Ниш... со една цел, да видиме до каде сме со она што значи огледало на секој факултет, творечки опус на сите наставници и професори кои поминале низ институциите, а тоа се нашите годишни зборници и нашето списание. Ние нашето списание „Воспитание“ го инициравме уште во 2001 година, и уште тогаш ни беше идејата да бидеме отворени за секое писание кое ќе носи трудови кои ќе се извишуваат кон стручните, научните и воспитните вредности на човекот. Почнавме со мал број на луѓе, со наши колеги, а сега списанието е веќе меѓународно, индексирано и овде сме со колегите да видиме до каде сме и да можеме да помогнеме за некои нови индексации – изјави деканката на ФОН, проф. д-р Емилија Петрова-Ѓоргева.

Слаѓана Зуковиќ, редовен професор на Отсекот за педагогија на Филозофскиот факултет во Нови Сад изјави дека е чест да се гостува на УГД во Штип, а нејзиното учество е од два аспекта:

  • Чест ми е што сум гостинка на Факултетот за образовни науки во Штип, веќе една година имаме официјална соработка, инициравме неколку активности, ова е трета. Овде сум по два поводи – прво, денес е промоција на книгата чиј автор сум јас („Советодавната работа во институциите за воспитание и образование“), која е преведена на македонски јазик, и големо задоволство ми е што студентите на ФОН ќе можат да ја користат оваа литература за подготвување на испити. Втората причина е што сум главен и одговорен уредник на Зборникот на Отсекот за педагогија, кој излегува повеќе од 60 години. Имаме многу долга традиција и ова е навистина убава пракса да се поврземе ние кои се занимаваме со унапредување на науката низ издавачката дејност, да се поврзат уредниците и да видиме како можеме заеднички да соработуваме и нашите списанија да бидат што повисоко рангирани и поквалитетни.

Јасна Кудек-Мирошевиќ, вонредна професорка на Учителскиот факултет на Универзитетот во Загреб е од областа на инклузивната педагогија. Таа ќе одржи предавање и на оваа тема пред студентите на Факултетот за образовни науки.

  • Јас се занимавам со инклузивна педагогија и на предавањето пред студентите на УГД ќе кажам нешто на темата методичко-дидактички аспекти во работата со ученици со тешкотии, кои всушност сѐ повеќе влегуваат во редовниот систем на образование. Големо е значењето на списанијата и зборниците кои ги издаваат факултетите, посебно на оние кои се со помладо издаваштво и тие допрва треба да влезат во некои бази по кои некои постари ни се познати. Сметаме дека токму поврзувањето на факултетите и нивно вклучување во различни бази со своевидни многу значајни програмски и уреднички одбори од различни земји, како што се и нашите, по кој повод и се собравме во оваа соработка, значајно придонесуваат на списанијата кои можеби и не се доволно познати во сите наши земји.

                                                       

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com