Четврток, Мај 2 2024
Следете нè

(Видео) Отворено Историско катче во рамките на одбележувањето на 120 години од смртта на Гоце Делчев

Како дел од одбележувањето на 120-годишнината од смртта на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев, денес во Факултетот за образовни науки на УГД се отвори Историско катче.

  • Денес во рамките на одбележувањето на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев посветуваме повеќе внимание на неговата учителска дејност. Го промовираме ова Историско катче кое ќе значи промовирање на развојот на образованието и просветата во Штип. Почнувајќи од 19 век па сѐ до денес - изјави проф. д-р Верица Јосимовска од Факултетот за образовни науки.

Во рамките на Историското катче во холот на Факултетот за образовни науки е изложена постановка од хронологија за животот и делото на Гоце Делчев, со особен акцент на неговата учителска дејност, како и улогата на учителството во Штип.