Четврток, Декември 26 2024
Следете нè

Проф. д-р Милка Здравковска: „Нема хиперпродукција на лекари на УГД, објавените бројки во фејсбук-статус се неточни и тенденциозни“

На Факултетот за медицински науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се продуцираат квалитетни кадри, а за хиперпродукција не може да стане збор, вели деканката проф. д-р Милка Здравковска во интервју за универзитетските медиуми. Според неа, внесена е забуна кај јавноста со објавениот фејсбук-статус на професорот Дејан Трајковски, каде се споменува бројка од над 240 дипломирани лекари на УГД во 2022 година. Се игнорира фактот дека Факултетот за медицински науки на УГД не е само за доктори, односно за општа медицина, туку на него има студиски програми и за дентална медицина, фармација, како и тригодишни стручни студии за медицински сестри, лаборанти, физиотерапевти, оптометристи, забни техничари и протетичари и акушерки.

Со самото тоа, бројката на дипломирани лекари од Факултетот за медицински науки на УГД не е 250, како што се наведува во фејсбук-статусот кој го пренесоа некои медиуми, туку секоја година варира од 90 до 100 дипломирани лекари.

За сите отворени прашања во врска со овие неточни наводи, погледнете ги одговорите на деканката проф. д-р Милка Здравковска во интервјуто за универзитетските медиуми на УГД.