Четврток, Декември 26 2024
Следете нè

Научно предавање на проф. д-р Ленче Милошева на Медицинскиот универзитет „Парацелзиус“ во Австрија

По покана на д-р Томас Каспари, директор на докторските студии за медицински науки (PhD) на Приватниот медицински универзитет „Парацелзиус“, Салзбург, Австрија, проф. д-р Ленче Милошева, редовен професор на Факултетот за медицински науки, одржа научно предавање на овој универзитет на тема „Менталното здравје во период на ковид-19 пандемијата“.

Слушатели на предавањето беа докторанди на докторските студии за медицински науки и професори.

Врвната организација на универзитетот-домаќин и прекрасното професионално искуство се мотив за проф. д-р Милошева за идно продлабочување на научната соработката помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип и Приватниот медицински универзитет „Парацелзиус“, Салзбург, Австрија.