Петок, Април 19 2024
Следете нè

Заврши FIRST LEGO лига натпревар – ова се победниците

Скопје, Тетово и Кочани се победници во неколку категории на Државниот FIRST LEGO лига натпревар за учебната 2021/2022 година за деца од 9 до 16 години. Натпреварот се одржа во СОУ „Ѓошо Викентиев” во Кочани. Лиценцата за овој натпревар ја поседува Академијата за роботика и иновации во Скопје.

Факултетот за информатика и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и оваа година се коорганизатори на натпреварот, а професори од УГД учествуваа како судии на истиот. Седум екипи од Скопје, Кочани и од Тетово се натпреваруваа за една главна награда и посебни награди во четири категории. 

Победник на овогодишниот FIRST LEGO лига натпревар е екипата ROBO MOSQUITOS од СТЕМ академија Кочани, и тие ќе ја застапуваат нашата држава на меѓународниот натпревар во Бразил. 

Наградите по категории ги добија следниве екипи: 

  • победник во категорија Роботска игра е SPACE WALKERS на STEM Academy – Скопје;  
  • победник во категорија Дизајн на робот е SUPERIOR на „Јахја Кемал“ – Скопје; 
  • победник во категорија Основни вредности е SMASH CLAN на „Јахја Ќемал“ – Тетово; 
  • победник во категорија Иновативен проект е MAKBOT PIONEERS на СОУ „Ѓошо Викентиев” – Кочани. 

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com