Четврток, Декември 26 2024
Следете нè

Португалија домаќин на работна средба од проектот NEWAVES

Во рамки на активностите од проект финансиран од програмата European Education and Culture Executive Agency (EACEA) со наслов „NEWAVES – Collaborative Alliance for Radio Recovery and Boost of Community News Media in Lowdensity Territories“ или скратено NEWAVES, претставници на партнерите во проектот УГД и Радио Канал 77 престојуваат во Португалија.

Институтот за политехника во Гуарда, Португалија, кој е домаќин на средбата на претставниците на останатите учесници во проектот е водечки партнер, а останатите се  Универзитетот во Тренчин, Словачка, Академијата за уметност и култура во Осиек, Хрватска, како и радиостаница во Гуарда, Државната телевизија на Словачка во Братислава, Словачка, и Радио Канал 77 во Штип.

На средбата во Португалија на дневен ред е развојот на активностите по работните пакети кои се во фаза на спроведување.

Утврдена е и  динамиката за спроведување на активностите за следните 6 месеци.

Во моментов проектот е во фаза на утврдување на состојбите во локалните и регионални радиостаници. Изразено е задоволство од динамиката во развојот на работниот пакет 2, каде што моментно се одвива прибирањето податоци од радиостаниците, а се спроведува и истражување за регулативата во секоја од државите учеснички.