Четврток, Декември 26 2024
Следете нè

(Видео) Професорки од САД одржаа предавање на УГД на тема „миграција“

Професорката Грациела Парати од Дартмут Колеџ и професорката Лидија Ради од Универзитетот во Ричмонд, денес одржаа предавање пред студентите и професорите на УГД на тема „миграција“. Проф. Парати зборуваше на тема „Право, книжевност и имиграција“, додека проф. Ради на тема „Живот во дијаспората: книжевната вредност на транснационалните нарации“.

Професорките дојдоа на покана на професорката Јована Караникиќ од Филолошкиот факултет. Двете предавања се одржаа во свечената сала на Факултетот за образовни науки во Штип.

Претходно двете професорки, заедно со професорите од Филолошкиот факултет, имаа средба со проректорот на УГД, проф. д-р Мишко Џидров, при што се разменија идеи за можна соработка меѓу универзитетите на различни полиња.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com