Четврток, Декември 5 2024
Следете нè

Признание за успешно раководење со Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност за проф. д-р Тодор Серафимовски

Во рамките на министерската конференција за квалитет на високото образование, министерот за образование и наука Јетон Шаќири му додели Плакета – признание за успешно раководење со Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност на проф. д-р Тодор Серафимовки од Факултетот за природни и технички науки при УГД.

„Во државата имаме две релативно нови институции, кои во минатото не постоеја – Национален совет за високо образование и научноистражувачка дејност и Агенција за квалитет во високото образование, формирани во последните 2-3 години. Постои одлична соработка и комуникација на дневна основа која овозможува детектирање и надминување на предизвици и конечно - транспарентна и правилна имплементација на Болоњскиот процес, согласно со заеднички договорените стандарди и насоки за обезбедување квалитет во европската област на високото образование“, информираше министерот Шакири.

Република Северна Македонија беше домаќин на министерска конференција посветена на обезбедување квалитет во високото образование во земјите од Западен Балкан, која Министерството за образование и наука ја организира со поддршка на Секретаријатот на иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа - ERI SEE.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, на конференцијата информираше за унапредување на квалитетот на високото образование и науката, потенцирајќи го носењето на новиот Закон за високото образование, како и отворањето на неколку нови институции и тела кои делуваат во оваа насока.