Вторник, Мај 7 2024
Следете нè

Промовирани новите доктори на науки

Во рамките на одбележувањето на празникот на градот – 8 ноември, денес беа промовирани и докторите на науки, од кои голем дел се наставнички кадар на Универзитетот „Гоце Делчев“. Традицијата на промовирање на докторите на науки трае 22 години по ред, а ја организира Градската библиотека во Штип.

Денес беа промовирани:

- д-р Билјана Илиев – доктор на медицински науки;

- д-р Сања Гацов – доктор на образовни науки;

- д-р Душко Коцев – доктор на економски науки;

- д-р Наташа Сарафова – доктор на културолошки студии;

- д-р Марија Атанасова-Лазарева – доктор на фармацевтски науки;

- д-р Софија Петковска – доктор на аналитика на лекови;

- д-р Марија Милановска – доктор на молекуларна биологија;

- д-р Горан Атониевски – доктор на науки по туризам и угостителство;

- д-р Данка Јовева – доктор на хуманистички науки од полето на философијата.

Роднокрајното одделение „Ацо Шопов“ при Градската библиотека во Штип досега има евидентирано 239 доктори на науки, кои се родени во Штип. На ваков начин, во рамки на Митровденските средби, досега се промовирани 144 доктори на науки.