Четврток, Декември 26 2024
Следете нè

(Видео) Промовирана книгата „Размисли за образованието“ на проф. д-р Кирил Барбареев

Книгата „Размисли за образованието“ денес беше промовирана во просториите на Факултетот за образовни науки. Станува збор за серијал на книги, а ова е прва книга од тој серијал што треба да се издаде во една едиција под еден наслов „Размисли за образованието“.

Ова е еден интердисциплинарен пристап на теми поврзани со образование, социологија, психологија, филозофија, а поврзано за образованието. Треба да зборуваме и размислуваме за оваа тема. На сите процеси им треба интердисциплинарен пристап и да се вклучат повеќе фактори“, истакна професорот Барбареев.

Тој забележа дека сите процеси во образованието треба итно да направат исчекор, а тие процеси треба да бидат мултидисциплинарни. Според Барбареев последните случувања не се само последица на одредени состојби во образованието, туку на состојбата во која се наоѓа нашето општеството.

Промотори на книгата „Размисли за образованието“ беа академик Блажо Боев и универзитетските професори Трајче Стојанов и Артан Лимани.

Промоторите истакнаа дека станува збор за дело кое ќе поттикне низа размислувања за образованието и дека проф. Барбареев е еден исклучителен научник кој дава особен придонес во областа на образованието и образовните науки.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com