Проректорот за настава на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Мишко Џидров, како експерт за евалуација, на 21 и 22 септември учествуваше на состанок на Европската асоцијација на универзитети (EUA – European University Association). Состанокот се одржа во Женева и беше посветен на Програмата за евалуација (IEP – INSTITUTIONAL EVALUATION PROGRAMME). https://eua.eu/
Според проф. д-р Џидров, состанокот практично бил подготовка за евалуациите кои следуваат за 2023 /2024 година. Големо признание, успех и предизвик за професорот Џидров, а со тоа и за Универзитетот „Гоце Делчев“ е тоа што тој како претставник на УГД е избран како експерт во евалуацијата на Charles University во Чешка (https://cuni.cz/uken-1.html). Тоа е еден од најстарите универзитети во Европската Унија.
Дел од темите на состанокот во Женева беа перспективите на засегнатите страни, универзитетите и иднината на Европа, иновативно лидерство и управување со промени во високото образование...