Четврток, Декември 26 2024
Следете нè

Вебинар во знак на „Мај – месец на менталното здравје“ ќе се одржи на 19 мај

Вебинар на тема „Мајндфулнес интегриран во КБТ/РЕБТ тераписки третман на анксиозност кај млади“ ќе се одржи на 19 мај, во знак на одбележување на „Мај – месецот на менталното здравје“ и подигнување на свесноста за менталното здравје и за борбата против стигмата.
Организацијата е на КБТ и Невронауки Хаб-СОМА и Македонската американска алумни асоцијација (МААА), како и Факултетското студентско собрание (ФСС) на Факултетот за медицински науки. Предавач на вебинарот е проф. д-р Ленче Милошева, редовен професор на Факултетот за медицински науки, член на МААА, а вебинарот ќе започне во 18 часот на 19.5.2023 година.
Настанот е наменет за студенти, специјализанти и докторанди на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, како втора активност од добиениот грант на проф. д-р Ленче Милошева, член на МААА: „The Youth Mental Health Project: Understanding & Supporting Youth Mental Health through the lens of CBT (Cognitive-behavioral therapy) and Neuroscience“ (Проект за младинско ментално здравје: Разбирање и поддршка на менталното здравје на младите преку објективот на КБТ (Когнитивно-бихејвиорална терапија и невронаука“), поддржан од Aмериканската амбасада во Скопје и во рамките на поголем проект насловен „Alumni  encouraging community services and extracurricular activities“ („Алумни ги поттикнуваат услугите во заедницата и воннаставните активности“).
Детални информации за регистрација на настанот ќе бидат објавени на официјалната страница на СОМА (Student Organized Medical Association) од страна на Стефан Мишовски, Леона Стојановска и Марија Минова, одговорни за  КБТ и Невронауки Хаб-СОМА, и Ирена Жежова, претседателка на Факултетско студентско собрание (ФСС).