Недела, Декември 22 2024
Следете нè

(Видео) УГД и Филозофското друштво организираа вебинар на тема „Кинеската философска традиција“

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во соработка со Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) организираше вебинар на тема „Кинеска философска традиција“.

Вебинарот беше одлично посетен, со 100-тина присутни, меѓу кои и познати академици, професори и философи од Македонија и регионот.

На настанот говорници беа амбасадорот на Кина во Р. Северна Македонија Н.Е. Џанг Зуо, кој говореше на темата „Филозофската мудрост на дипломатската мисла на Кси Џинпинг“ и д-р Игор Радев кој говореше на темата „Кинеската философија - почетоци, општествено-политички контексти и општи текови“. Модератор на целиот панел беше професорот по философија на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Трајче Стојанов. На почетокот поздравно обраќање имаше проф. д-р Мишко Џидров, проректор за настава и студенти на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

На овој вебинар беше истакнато значењето на кинеската философска традиција за светскиот развој и светската философска мисла. Присутните имаа можност да се запознаат со почетоците на кинеската философска мисла и нејзиното влијание во светски рамки.

Покрај говорниците се вклучија и значајни личности од општествениот живот, философи од Македонија, но и претставници на философски здруженија од Кина и од Русија.  Воедно се вклучија и студенти и други заинтересирани со свои коментари и прашања.

Овој вебинар е дел од серија на вебинари кои ќе се одржат во организација на УГД на тема „Незападни философски традиции“. Настанот е поддржан од Кинеската амбасада во Скопје. Во продолжение можете да го проследите настанот во целост.