Екипи на УГД со учество на спортски настан во Обзор, Бугарија, во рамките на Еразмус + проектот BeValue Reload

Во рамки на проектот BeValueR Relolad, претставници на УГД, тренери и спортисти од Карате клуб „Штип“ - Штип и Боречки клуб „Киро Ристов“ - Штип, во период од 16 до 19 август, учествуваа на меѓународен спортски настан кој се одржа на брегот на Црното Море, во Обзор, Република Бугарија.

Во рамките на спортскиот настан беа одржани бројни активности кои опфаќаа: тренинзи во различни боречки вештини – таеквондо, карате, борење и кик-бокс; презентација на Бонус системот „Таеквондо за умот“ кој има за цел да го поттикне развојот на моралните особини кај децата од т.н. Generation Z (млади на возраст од 12 до 17 години) преку примена на принципите на таеквондо и останатите боречки вештини; презентација на онлајн платформата преку која ќе се следи напредокот на деца, во подобрувањето на морални квалитети и особини; снимање на предизвици и бројни забавни и културни активности. На настанот учествуваа повеќе од 260 деца и тренери од Македонија, Романија, Словенија, Бугарија и Грција кои во период од неколку дена, покрај забава, спорт, натпревар и дружење ги разменија и своите искуства во врска со применуваат на платформата и користењето на Бонус системот. Истите продолжуваат да се имплементираат во сите земји и се достапни и за примена за деца и млади кои тренираат и други спортови.

Проектот BeValueR Reload  е проект во рамките на програмата Еразмус+ спорт. Координатор на проектот е Централен полициски таеквондо клуб од Бугарија, поддржан од проектните партнери: Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (Македонија), Приватен спортски колеџ (Бугарија), ТК „Анац Шентјур“ (Словенија), Спортски клуб „Аристотелис“ (Грција) и Романска таеквондо федерација (Романија). Партнери на УГД во рамките на овој проект се Карате клуб „Штип“, предводен од тренерот Жарко Арсовски и Боречки клуб „Киро Ристов“, предводен од тренерот Трајче Димков.

Линк - видео од настанот: https://www.youtube.com/watch?v=xPMXpOOVbAA 

 

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com