Недела, Декември 22 2024
Следете нè

„Фит-Балкан“

Почитувани студенти,
Веруваме дека секој од вас сака да го подобри и унапреди сопственото физичко здравје, да практикува и да ги подобри физичките активности.  Ви нудиме токму таква можност!

Универзитет „Гоце Делчев” во Штип, во рамките на проектот „Фит-Балкан“ („Fit Balkans”), им нуди можност на студентите на возраст од 18 до 30 години (жени)  да се вклучат во 6-месечнa програма, чија цел е јакнење и унапредување на нивната физичка активност.

Во насока на остварување на поставената цел, тимот од УГД изготви програма која содржи бројни активности и интервенции насочени кон постигнување на здрав и активен живот.

Програмата ќе трае 6 месеци. Во тој период, еднаш месечно ќе се реализираат консултативни средби со учесниците и мониторинг од страна на стручен тим.

Програмата ќе содржи предлози за различни форми на физичка активност (пешачење, возење на велосипед, трчање, програми за активности во домот и активности на отворено), примери на активна пауза на работното место, предлози за корекција на исхраната, методи за мотивација.

Кој може да учествува во предизвикот?

  • Жени на возраст од 18 до 30 години кои живеат или студираат во Штип.

Времетраење на програмата

  • 6 месеци.

Цена

  • Бесплатно.

Што добивате од програмата:

  • 6-месечен план со активности
  • Насоки за исхрана и мотивација
  • Консултации со стручен тим еднаш месечно
  • Сертификат за учество.
    Доколку сте заинтересирани за овој предизвик, пополнете го прашалникот во прилог со цел да добиеме повеќе информации:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdEXo5_t-U7cDqqM33gaIAjqa1zap4vvOJPMoO04glR3IemxQ/viewform

 Предизвикот е пред вас. Да се соочиме со истиот!

„Фит-Балкан“ е проект финансиран од страна на Европската комисија за промоција на физичката активност кај младите жени на Балканот. „Фит-Балкан“ има за цел да ја подобри субјективната благосостојба кај жените од Балканот на возраст од 18 до 30 години, промовирајќи ја физичката активност. Проектот ќе се спроведува во пет града: Атина (Грција), Пловдив (Бугарија),  Букурешт (Романија), Ниш (Србија) и Штип (Северна Македонија).

За сите дополнителни информации, контактирајте нѐ на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.