Петок, Мај 17 2024
Следете нè

Започнаа Државните студентски лиги, УГД ќе биде домаќин на кошаркарите и кошаркарките

Започна пролетниот дел од Државните студентски лиги во повеќе спортски дисциплини. Студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ преку Спортскиот и културен центар учествуваат во овие натпреварувања. Натпреварите се организираат во футсал, кошарка и одбојка во машка и во женска конкуренција. Во овие дисциплини натпреварите се во фаза на полуфинале, односно борба за медали.

Наредната недела започнуваат и натпреварите во ракомет во женска и во машка конкуренција. Тие ќе се одржуваат во Скопје, Битола и во Тетово, а Штип ќе биде домаќин на кошаркарите и кошаркарките.

Студентите од УГД годинава учествуваа и во Државната лига во куглање, која се одржа на 31 март во кугланата „Мусандра“ во Скопје. Учествуваа над 220 студенти од универзитетите од Македонија.