Четврток, Април 25 2024
Следете нè

Заврши Државната универзитетска лига во одбојка – победници ДУТ во машка и УКИМ во женска конкуренција

Универзитетскиот спортски и културен центар на УГД заедно со Универзитетската спортска федерација на Македонија беа домаќини на финалните натпревари во одбојка.
Во женска конкуренција првото место го освои екипата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а второто место им припадна на студентките од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Третото место го зазедоа девојките од Државниот универзитет во Тетово.
Кај мажите победници за оваа сезона на државните универзитетски натпревари во одбојка се студентите од Државниот универзитет во Тетово, второто место е за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а третото го освоија одбојкарите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com